fbpx

Каква трансформација: Која е фаталната полицајка која работела со Беливук?

На поранешната државна секретарка во српското министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, ѝ е одреден триесетдневен притвор.

Обвинителството покрена истрага за нејзина наводна инволвираност во криминалите на Вељко Беливук.

Се терети дека прикривала докази по убиството на каратистот Властимир Милошевиќ кој беше застрелан на трамвајска пруга во јануари 2019 година.

Евидентна е трансформацијата во физичкиот изглед на Хркаловиќ. Српските медиуми пишуваат дека речиси преку ноќ станала фатална жена на која ѝ биле доверувани сите најважни истраги кои ги спроведувале институциите.

Дека Дијана немала проблем со парите, покажал и вчерашниот претрес во нејзиниот стан во кој полицајците затекнале сауна, фонтана на терасата и луксузен италијански мебел. Наводно пронајден е и сеф со неколку илјадници евра.

Дијана е родена 1987 година во Белград. Нејзиниот татко е поранешен политичар, некогашен претседател на Управниот одбор на Аграрниот фонд на општина Пожаревац.

Основно и средно училиште завршила во родниот град. Дипломирала психологија на Филозофскиот факултет во Белград. Уште како студент се интересирала за политика.

По заминувањето од министерството за внатрешни работи речиси воопшто не се експонирала во јавноста, се’ до моментот нејзиното име почнале да го поврзуваат со криминалите на Веља Невоља.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Беспарица, лекување во Прилеп: Детали од животот на Тоше Проески

Зар некој може да те замени.. Со извадоци од книгата „Ова не е крај“ потпишана од новинарката Соња Алексоска Неделковска, „Женски магазин“ минатата година се сети на Тоше, токму на годишнината од трагичниот настан во кој легендарниот македонски пејач го загуби животот. Во книгата, меѓу другото, е раскажано за беспарицата […]