fbpx

Почина мајка на три деца: Приказната на Марија треба да ја слушнат сите

Смртта на оваа жена расплака многумина на социјалните мрежи

Почина Марија Петковиќ од Ниш, мајка на три деца. Поради нејзината хуманост, оваа тажна вест дополнително предизвика внимание. Оние што ја познавале велат дека била толку посебна и дека многу семејства во Србија ќе ѝ бидат засекогаш благодарни.

Марија била вредна жена која несебично учествувала во многу хуманитарни акции. Меѓу другото, редовно подготвувала ланч-пакети за најсиромашните фамилии кои со државна помош или преку донации биле праќани на летување.

Ана Николиќ, администраторката на групата „Уживо из Грчке“, открива дека Марија преку нејзината кетеринг фирма редовно обезбедувала по три бесплатни оброци за најпогодените сограѓани.

„Оние што ја познаваа, ќе ја паметат како енергична жена која помагаше на сите. Беше голем донатор на детската клиника, дури и во време на пандемија. Ова е огромна загуба за сите, секако најмногу за семејството и нејзините три деца. Ти благодариме Марија за целата поддршка. Твоите добрина и човечност нема никогаш да бидат заборавени“, пишува Ана во потресната објава.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Потресни зборови за Ивана: Уште една млада докторка почина од корона

Нова трагедија Од последици на Ковид-19 почина младата докторка Ивана Латовљев, вработена во Здравствен дом Ковачица. „Опасниот вирус однесе уште еден млад живот. Д-р Ивана не’ напушти денеска во нејзините најубави години. Нема утеха“, напишаа нејзините колеги споделувајќи ја тажната вест. Во меѓувреме се огласи и долгогодишниот партнер на Ивана […]