fbpx

Отиде да си игра со ангелите: Ова е Александар, момчето кое почина од корона

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на 16-годишниот Александар од Крушевац.

Средношколецот од Хемиско-технолошкото училиште денеска почина од последици на Ковид-19 додека бил во самоизолација.

Според последните информации на Заводот за јавно здравје, момчето се изолирало на 12 октомври, откако претходно неговиот татко пројавил симптоми на вирусот.

Чичкото на Александар со трогателна посвета се прости од својот внук.

„Денеска не’ напушти нашето момче, отиде да си игра со ангелите. Ангелу мој мал, почивај во мир“, напиша тој на социјалните мрежи.

Од училиштето на Александар велат дека ним никому не им пријавил дека детето е заразено.

„Неговите родители никогаш не ни пријавија дека од нешто боледува, а должни се да не’ информираат за тоа“, им изјави на српските новинари Верица Агатоновиќ Малиновиќ, директорка на школото.

Починатиот тинејџер годинава значително го подобрил успехот во училиштето и неодамна дури бил пофален за тоа.

Попрецизни информации за причината за неговата смрт се очекуваат во текот на денот.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Која е жената што ја уби холивудскиот актер Алек Болдвин?

Утрово одекна трагична вест дека познатиот холивудски актер Алек Болдвин на филмски сет во импровизирана црква ја застрелал директорката на фотографија Халина Хачинс (42). Болдвин пукал од реплика на пиштол на снимањето во Ново Мексико и во бизарна несреќа освен што ја убил Хачинс, го ранил и режисерот Џоел Соуза, […]