fbpx

Која е жената што ја уби холивудскиот актер Алек Болдвин?

Утрово одекна трагична вест дека познатиот холивудски актер Алек Болдвин на филмски сет во импровизирана црква ја застрелал директорката на фотографија Халина Хачинс (42).

Болдвин пукал од реплика на пиштол на снимањето во Ново Мексико и во бизарна несреќа освен што ја убил Хачинс, го ранил и режисерот Џоел Соуза, соопштија локалните власти.

Халина е родена 1979 година во Украина. Дипломирала Меѓународно право во родната земја, пред да почне да соработува со британски документарни продуценти како истражувачки новинар.

Подоцна се преселила во Лос Анџелес и дипломирала на Конзерваториумот на Американскиот филмски институт. Во 2018 година била ангажирана во филмската лабораторија на 21st Century Fox DP, а една година подоцна е избрана за ѕвезда во подем според магазинот American Cinematographer.

„Тажни сме поради загубата на Халина. Но истовремено толку гневни за тоа што се случило на сет. Беше огромен талент, жена апсолутно посветена на уметноста и на филмот“, напиша режисерот Адам Мортимер на „Твитер“.

Во меѓувреме се појавија и фотографии од Алек Болдвин по несреќата.

Актерот веќе дал изјава во полиција. Истрагата допрва треба да покаже како се нашле вистински куршуми во пиштолот кој бил користен како реквизит на снимањето на филмот Rust.

Фото: Профимедија/Твитер

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија: Трогателна посвета по смртта на Миле Лазаревски

Вашата мисија е завршена на земјата кога вие заминувате од овој свет, а вашите дела остануваат да сведочат за вас. Трагите што ги остави Миле Лазаревски во кошарката во Гевгелија сведочат за еден посветен, одговорен и професионален спортист. Пример и поттик за многу млади таленти кои зачекориле во светот на […]