fbpx

Прва изјава на Болдвин по трагедијата: Срцето ми е скршено

Трагичната вест дека познатиот холивудски актер Алек Болдвин на филмски сет случајно ја застрела 42-годишната директорка на фотографија Халина Хачинс ги шокира светските медиуми.

Болдвин кој пукал од реплика на пиштол на снимањето во Ново Мексико и во бизарната несреќа го ранил и режисерот Џоел Соуза, конечно се огласи по инцидентот.

„Немам зборови кои можат да ги опишат шокот и тагата по случајната несреќа која ѝ го одзеде животот на Халина Хачинс, сопруга, мајка и наша колешка на која ѝ се восхитуваме. Целосно соработувам со полицијата за истрагата која треба да открие како се случи оваа трагедија. Во контакт сум со нејзиниот сопруг, тој и неговото семејство имаат комплетна поддршка од мене. Моето срце е скршено поради нејзиниот маж, нејзиниот син и сите оние кои ја познаваа и ја сакаа Халина“, напиша Болдвин на социјалните мрежи.

Истрагата допрва треба да покаже како се нашле вистински куршуми во пиштолот кој бил користен како реквизит на снимањето на филмот Rust.

Фото: Ендрју Гомберт/ЕПА

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ни отиде за два часа: Потресно сведоштво за младиот битолчанец кој почина од корона

Се’ уште не стивнуваат реакциите по смртта на 22-годишниот битолчанец кој почина од последици на Ковид-19. Неговото неутешно семејство тврди дека нивната загуба е класичен пример дека македонското здравството е сосема нефункционално. Семејството на починатиот пациент во отворено писмо до јавноста ги објаснува деновите пред смртта, а истото го пренесува […]