fbpx

Трагедија: Трогателна посвета по смртта на Миле Лазаревски

Вашата мисија е завршена на земјата кога вие заминувате од овој свет, а вашите дела остануваат да сведочат за вас.

Трагите што ги остави Миле Лазаревски во кошарката во Гевгелија сведочат за еден посветен, одговорен и професионален спортист. Пример и поттик за многу млади таленти кои зачекориле во светот на кошарката.

Ќе се сеќаваме на неговата прецизност на шутот и на дисциплинираната игра во КК ,,Кожув“ од Гевгелија. Неговиот талент и квалитет ќе му го отворат патот кон нови предизвици.

Ќе стане еден од првите странски спортисти во Depiro Basketball Club во Малта. Тригодишната посветена работа ќе го направи еден од најславните кошаркари во овој тим.

Вљубениците во кошарката се уште го чуваат споменот за него. А има ли поголемо признание за еден спортист?

Луѓето се минливи, заминуваат од овој свет, а делата остануваат да сведочат за нив.

Вечна ти слава Миле.

Кошарката се сака онака како што ја сакаше ти: СО СРЦЕ И ДУША!

КК Кожув

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Прва изјава на Болдвин по трагедијата: Срцето ми е скршено

Трагичната вест дека познатиот холивудски актер Алек Болдвин на филмски сет случајно ја застрела 42-годишната директорка на фотографија Халина Хачинс ги шокира светските медиуми. Болдвин кој пукал од реплика на пиштол на снимањето во Ново Мексико и во бизарната несреќа го ранил и режисерот Џоел Соуза, конечно се огласи по […]