fbpx

Шок: Пронајден мртов популарниот учесник од шоуто „Парови“

Поранешниот учесник во регионалното шоу „Парови“, Димитрије Мијатов, е пронајден мртов во пекара, пренесуваат српските медиуми.

Полицијата се’ уште ги утврдува околностите за неговата смрт.

Додека се натпреваруваше во „Парови“, Мијатов често влегуваше во конфликт со другите учесници. Во шоуто призна дека во минатото ограбувал продавници и дека двапати лежел во затвор.

Се бавел и со други нелегални бизниси за кои, исто така, раскажуваше во „Парови“.

Димитрије (42) позади себе остави болен син кој живее во Доминиканската република со својата мајка.

„Молете се за Никола. Боже, те молам помогни му“, објави во една прилика на „Инстаграм“.

Публиката го познава и неговиот брат Филип Мијатов кој се прослави во реалното шоу „Задруга“.

Фото: Принтскрин Јутјуб

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Имаат шест деца: Која е 26 години помладата сопруга на Алек Болдвин?

Пред да ја запознае неа, мислел дека никогаш повторно нема да застане пред олтар Хилари Болдвин, 26 години помладата избраничка на Алек Болдвин, преку ноќ стана интересна за медиумите кога во 2012 година се омажи за славниот холивудски актер. Има 37 години, по професија е инструкторка по јога, но се […]