fbpx

Имаат шест деца: Која е 26 години помладата сопруга на Алек Болдвин?

Пред да ја запознае неа, мислел дека никогаш повторно нема да застане пред олтар

Хилари Болдвин, 26 години помладата избраничка на Алек Болдвин, преку ноќ стана интересна за медиумите кога во 2012 година се омажи за славниот холивудски актер.

Има 37 години, по професија е инструкторка по јога, но се има обидено и како актерка.

Болдвин кој на 63 години го доби шесттото дете со неа, во едно интервју изјави дека пред да ја запознае, мислел дека никогаш повторно нема да застане пред олтар.

Многумина се воодушевени од топ-формата која ја одржува Хилари, особено ако се земе в предвид дека последните две деца ги роди во неполна година.

„Секогаш наоѓам време за вежбање, а и да се биде мајка на шест деца секако е дел од рутината“, се пошегува Хилари во една прилика.

Од првиот брак со колешката Ким Бесинџер, тој ја има и 24-годишната ќерка Ајрланд.

Алек Болдвин минатиот месец на филмски сет во Ново Мексико случајно ја застрела 42-годишната директорка на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза.

Актерот кој веќе се огласи по трагедијата, целосно соработува со полицијата за истрагата која треба да открие како се случила оваа бизарна несреќа.

Која е жената што ја уби холивудскиот актер, прочитајте ОВДЕ!

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Јас го побарав за маж: Кристина од „Проект куќа“ сподели незаборавен момент

Авторката и водителката на хуманитарната емисија „Проект куќа со Кристина“ сподели незаборавен момент од приватноста Познатата пејачка, музичарка и хуманистка Кристина Арнаудова има навистина впечатлива и многу забавна животна приказна кога е во прашање нејзиното запросување. Детаљите ги сподели пред неколку години за порталот „Брајд“. – Сè се случи кога […]