fbpx

Ја загуби битката со ракот: Почина легендарниот Гантер

Американскиот актер Џејмс Мајкл Тајлер, најпознат по улогата во култната серија „Пријатели“, почина на 59-годишна возраст.

Славниот Гантер починал мирно, во неговиот дом во Лос Анџелес, наведе во соопштението неговиот менаџер.

На Тајлер во 2018 година му беше дијагностициран рак на простата во напредна фаза, кој подоцна му се прошири на коските. Сакајќи да им помогне на што повеќе луѓе, одлучи храбро да ја сподели својата приказна.

Неговиот лик во една од најгледаните серии на сите времиња според многумина беше најдобрата епизодна улога на малите екрани.

Во мај, тој кратко преку ЗУМ се појави во специјалната епизода на „Пријатели“.

„Искрено, тоа беа највпечатливите десет години во мојот живот. Не можев да замислам подобро искуство. Сите беа фантастични и едноставно беше задоволство да се работи со нив. Се чувствував многу посебно“, кажа актерот во таа прилика.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Секој што прележал корона, повремено ги има овие симптоми: Д-р Марија Здравковиќ советува како полесно да се опоравите

Постковид синдром е се’ почеста тема, а симптомите кои го следат се разликуваат. Сепак, она што повеќето прележани пациенти го доживуваат е проблем со дишењето. Д-р Марија Здравковиќ, директор на КБЦ Бежанијска коса, открива вежби кои помагаат во вакви случаи. Таа советува дека неопходни се вежби за дишење за да […]