fbpx

Јас го побарав за маж: Кристина од „Проект куќа“ сподели незаборавен момент

Авторката и водителката на хуманитарната емисија „Проект куќа со Кристина“ сподели незаборавен момент од приватноста

Познатата пејачка, музичарка и хуманистка Кристина Арнаудова има навистина впечатлива и многу забавна животна приказна кога е во прашање нејзиното запросување.

Детаљите ги сподели пред неколку години за порталот „Брајд“.

– Сè се случи кога кај нас дома дојдоа Александра Пилева и нејзиното тогашно момче, а денес сопруг и ни соопштија дека ќе стапат во брак. Бидејќи тие, за разлика од нас, беа доста кратко време во врска, почнав да се шегувам дека ние изгледа нема никогаш да се земеме, и дека јас не сакам да се мажам. А бидејќи имавме многу испиено, реков, добро еве јас сега одлучувам, ќе го побарам Александар за маж бидејќи ако не го направиме тоа сега, нема никогаш. Тој тогаш ме праша дали сум сериозна, а кога виде дека сум, ми рече да почекам додека да оди до автомобилот. Кога се врати клекна на колена и ме побара со прстен во рака кој го чувал веќе еден месец, чекајќи го вистинскиот момент да ме запроси. Неговиот говор по тој повод толку ме расплака од среќа, што не можев од солзи ниту „ДА“ да кажам. Навистина беше незаборавен момент – раскажа таа.

Следни Објави

Ја загуби битката со ракот: Почина легендарниот Гантер

Американскиот актер Џејмс Мајкл Тајлер, најпознат по улогата во култната серија „Пријатели“, почина на 59-годишна возраст. Славниот Гантер починал мирно, во неговиот дом во Лос Анџелес, наведе во соопштението неговиот менаџер. На Тајлер во 2018 година му беше дијагностициран рак на простата во напредна фаза, кој подоцна му се прошири […]