fbpx

Секој што прележал корона, повремено ги има овие симптоми: Д-р Марија Здравковиќ советува како полесно да се опоравите

Постковид синдром е се’ почеста тема, а симптомите кои го следат се разликуваат.

Сепак, она што повеќето прележани пациенти го доживуваат е проблем со дишењето.

Д-р Марија Здравковиќ, директор на КБЦ Бежанијска коса, открива вежби кои помагаат во вакви случаи. Таа советува дека неопходни се вежби за дишење за да организмот полесно се избори со постковидот.

„Вежбите за дишење се најважни за намалување на таканаречените штетни влијанија на нервниот систем кој е раздразлив кај позитивните на Ковид-19. Секој кој прележал корона, повремено добива напади на нервоза за кои нема објаснување, не може да спие, губи концентрација, не може да заврши некои лесни работни обврски.. Тоа е се’ последица од функцијата на централниот нервен систем“, вели д-р Здравковиќ.

Автономниот нервен систем, кој управува со нашите органи, а кој не можеме да го контролираме, помеѓу другото управува и со протокот на крв во срцевиот мускул, поради што е важно длабоко дишење.

„Вдишуваме брзо и воздухот го задржуваме три до пет секунди и потоа полека издишуваме, полека како да дуваме свеќа, а не сакаме да ја угасиме наеднаш“, појаснува д-р Здравковиќ и дополнува дека некој што штотуку прележал ковид не може три секунди да го задржи воздухот.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Мултимилионер ненадејно почина на 33: Пред само два месеца се ожени со познатата манекенка

Младиот мултимилионер и тајкун Вивек Чада почина ненадејно на 33 години. Бизнисменот изгубил свест во центарот на Лондон, само неколку часови откако ја напуштил забавата во еден ексклузивен ноќен клуб. Пред само два месеца, хотелскиот могул се ожени со познатата 29-годишна манекенка Стати Чада. Таа денеска се огласи во медиумите […]