fbpx

Мултимилионер ненадејно почина на 33: Пред само два месеца се ожени со познатата манекенка

Младиот мултимилионер и тајкун Вивек Чада почина ненадејно на 33 години.

Бизнисменот изгубил свест во центарот на Лондон, само неколку часови откако ја напуштил забавата во еден ексклузивен ноќен клуб.

Пред само два месеца, хотелскиот могул се ожени со познатата 29-годишна манекенка Стати Чада. Таа денеска се огласи во медиумите и низ солзи порача дека е шокирана.

„Немам зборови. Се’ уште се обидувам да сфатам што се случило. Се венчавме пред само осум недели и беше преубаво. Сега морам да се носам со загубата, ми замина љубовта на мојот живот. Срцето ми е скршено“, изјави таа за „Дејли меил“.

Семејството на мултимилионерот се надева дека обдукцијата ќе ја покаже точната причина за смртта, со оглед на неговата возраст и фактот што немал никакви здравствени проблеми претходно. Се претпоставува дека во прашање е срцев удар.

Доброупатените во бизнисите на Вивек Чада велат дека тој бил мошне влијателен во британските политички кругови, особено наклонет кон конзервативците.

Вредноста на неговата групација „Најн груп“ се проценува на повеќе милиони фунти, а опфаќа широка мрежа на хотели и други недвижнини.

Фото: Фејсбук/Најн груп

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Се вери Иван Иванов: Синот на поранешниот претседател проговори за саканата

Се вери Иван Иванов, синот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов. Убавата вест самиот ја сподели во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде и првпат отоврено проговори за својата избраничка. „Во ова невино време, мене во животот ми влезе личност која ми го облагороди моето време, што некако си се надополнивме.. Уште […]