fbpx

Алиса исчезна пред два месеца: Родителите ја пронашле жива, но наместо да ја гушнат, поради ОВА заплакале

Вакво нешто ни на сон не очекувале

Млада мајка ненадејно исчезнала оставајќи ја десетгодишната ќерка со родителите.

Цели 60 дена траела потрагата по Алиса Оливер од Колорадо, САД, во која била вклучена и полицијата. На крај ја пронашле на Менхетн, но приказната сепак нема среќен крај.

Алиса од мала имала психичко нарушување поради кое постојано морала да биде под надзор. Благодарение на големата љубов и пожртвуваноста на нејзините родители, имала убаво детство, растела нормално, дури имала и неколку љубовни врски.

Едно невнимание ѝ донело нов сериозен предизвик, останала бремена и тогаш работите тргнале во лоша насока. Доживеала нервен слом по кој заминала од дома.

Полицијата и нејзините родители ја пронашле во едно засолниште за бездомници. Била во очајна состојба, гладна и значително насилна кон сите, дури и кон родителите.

„Многу ни е страв. Нејзината состојба е ужасна, а сега се товари за насилничко однесување бидејќи пред неколку дена му нанела телесни повреди на случаен минувач на улица. Не знаеме како да се поставиме кон неа затоа што не знаеме точно што ѝ е. Цели два месеца првпат во животот беше комплетно сама, без никаква поддршка и еве како заврши. На шестгодишна возраст доби удар во главата и оттогаш постојано ѝ тече крв од носот. Целиот живот има главоболка“, раскажува Кристи Оливер, мајката на несреќната Алиса.

Истрагата покажала дека Алиса го напуштила семејниот дом со автомобил, наводно да ја посети тетка си во Канзас, но до неа никогаш не стигнала. Поминала неколку држави од Колорадо до Њујорк и таму се скрасила. Како завршила меѓу бездомниците се’ уште никој не знае.

„Беше уметник, сликаше. Работеше во фабрика за текстил, а во слободното време ја уредуваше својата веб-страна. Сакаше јога, беше прекрасна мајка. Ништо од тоа повеќе нема смисол по овој нервен слом. Не знаеме како понатаму. Неа ѝ е потребна стручна помош. Лута по улиците на Њујорк и питачи. Ова не е добро“, вели нејзината мајка.

Алиса е возрасна жена и родителите немаат законско право да ја вратат дома или да сторат билошто против нејзина волја. Таа засега одбива било какава комуникација со нив.

„Не ми е скршено срцето. Уништено ми е, засекогаш“, завршува г-ѓа Оливер.

Фото: Фејсбук/Њујорк Полис департмент

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Иако е мртвородена, за нас беше совршена: Медицинска сестра со потресно сведоштво

Иако не беше со нас, таа е дел од нас. И беше совршена! Трогателна приказна сподели Тејлор, мајка која го загубила своето чедо, ќерката Хејзел чие срце престанало да чука околу 36-та недела од бременоста. Таа и нејзиниот сопруг биле скршени од болка кога лекарите ѝ рекле дека носи мртвороденче. […]