fbpx

Цела ноќ седела покрај мртвата мајка: Смртта на Олга ги зачуди сите

Трагедија која допрва ќе се расветлува

Десетгодишно девојче цела ноќ седело покрај телото на својата мртва мајка.

Олга Давидова починала од хипотермија во густо населената шума во рускиот регион Владимир.

Нејзината ќерка Полина била пронајдена во спасувачка мисија во која учествувале 80 волонтери, полициски кучиња, дронови и хеликоптер. Таа била на околу три километри подалеку од местото каде последен пат вила видена со мајка си.

Според првичните сознанија, Олга со своето чедо заминала на прошетка на 24 октомври, а малата Полина била пронајдена следниот ден. Се претпоставува дека Олга била потресена од смртта на нејзината мајка, 58-годишната Светлана Панкова, медицинска сестра која починала од последици на Ковид-19.

До нејзината смрт, главно таа ја чувала внуката Полина.

„Подоцна ќе обезбедиме старателство за девојчето. Важно е дека ја пронајдовме. Сите знаевме дека немаме многу време поради ниските температури“, изјави локалниот службеник Алексеј Соколов.

Се’ уше е во тек истрагата за смртта на Олга. Засега не е познато зошто таа одлучила да ја однесе на прошетка ќерка си и покрај ниските температури кои во ова време од годината се спуштаат и до седум степени под нулата. Она што дополнително зачудува е што Олга ги соблекла нејзините, но и дел од алиштата на својата ќерка пред да влезе во шумата, па продолжиле без соодветна облека.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Од овие зборови се тресат и ѓаволите: Молитва која ќе ве спаси од неволја!

Една од најмоќните молитви ќе ве спаси во моментите кога ќе ве снајде било каква несреќа Бог знае што е најдобро за нас. И не заборавајте, оваа Молитва на пречесниот крст не треба да ја кажуваме само кога сме во неволја, туку Неговото свето име треба често да го споменуваме […]