fbpx

Младоста ја помина со мажи кои не ја сакаа: Очајниот живот на холивудската ѕвезда

Кејти Холмс е од оние холивудски актерки кои секогаш привлекуваат внимание со својот младешки изглед, иако во декември ќе наполни 43 години. 

Стана популарна во 1998 година со серијата „Светот на Досон“ кога уште беше тинејџерка, а светски позната откако почна да се забавува со нејзината детска љубов, холивудскиот актер Том Круз.

Кога почнала да глуми во познатата серија секогаш во интервјуата кажувала дека Том ѝ се допаѓа најмногу. И кој би рекол, се запознаа во 2005 година, а после само осум недели се верија. 

Во април 2006 година, Кејт на свет ја донесе ќерката Сури. Кон крајот на истата година двојката се венча во Италија, а на свадбата беа присутни многу познати личности, меѓу кои Дејвид и Викторија Бекам, како и Вил и Џејда Смит.

Навидум се’ кај нив изгледаше совршено, но само шест години по венчавката се разведоа. Никогаш јавно не проговорија за причината за разидувањето. 

Тоа што е најтажно во целата приказна е фактот што Том не смееше да ја гледа сопствената ќерка, наводно поради саентологијата која ја заговара. Последен пат заедно беа фотографирани во 2013-та.

Во меѓувреме, Кејти пронајде ново момче, 33-годишниот шеф Емилио Витола, наследникот на омилениот њујоршки ресторан Емилио Балато. Таблоидите пишуваа дека со својата поранешна вереница Рејчел Емос раскинал токму поради популарната актерка. Дури и мајката на Емилио, Лурдес Витола, била бесна поради целата ситуација. 

„Лурдес не го воспитуваше да биде таков и не ѝ се допадна ни најмалку како заврши веридбата. Емилио и вереницата не се брзаа да стапат во брак, веројатно не ни функционираа најдобро. Тој сака постари жени. Пред Кејт, се гледаше со постара водителка од телевизијата Фокс како и со неколку други дами“, открил еден извор за медиумите.

Пред Емилио, Кејт со години се забавуваше со нејзиниот колега Џејми Фокс.

После неколку години заеднички живот, Џејми ја остави Кејт, а таа експресно заврши во прегратките на Емилио. Сепак, многумина мислат дека врската со Фокс била само маркетинг затоа што на Кејт во тој период очајнички ѝ бил потребен добар пиар за повторно да почне да добива улоги како на врвот од популарноста. 

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Од овие зборови се тресат и ѓаволите: Молитва која ќе ве спаси од неволја!

Една од најмоќните молитви ќе ве спаси во моментите кога ќе ве снајде било каква несреќа Бог знае што е најдобро за нас. И не заборавајте, оваа Молитва на пречесниот крст не треба да ја кажуваме само кога сме во неволја, туку Неговото свето име треба често да го споменуваме […]