fbpx

Тажна вест: Се самоуби 19-годишен фудбалер

Нова трагедија го потресе регионот

Млад фудбалер им подлегна на повредите со кои се здоби при пад од зграда.

Станува збор за 19-годишниот Фарис Тановиќ, играч на сараевски Железничар, а според првичните сознанија на полицијата, станува збор за самоубиство, пренесува „Радио Сарајево“.

Несреќата ја потврдија и од неговиот матичен клуб.

„Тажните вести не бираат време. Со тага и жалење ве информираме дека трагично почина деветнаесетгодишниот Фарис Тановиќ, долгогодишен член на Младинската школа на ФК Железничар. Изразуваме најискрено сочуство до семејството, пријателите и до сите ожалостени. Со длабока почит ќе го чуваме споменот за тебе, а твојата насмевка ќе ги разубавува нашите сеќавања“, стои во пораката на ФК Железничар.

Пријателите на Фарис се во шок по трагедијата.

„Се гледаме на оној свет, нека ти е лесна земјата, брату мој“, напиша близок другар на жртвата.

Фото: Фејсбук/Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Не појадувајте, тоа може да ве убие: Славниот лекар ги шокира сите

Појадокот дајте му го на непријателот, ручајте околу пладне и вечерајте умерено и не многу доцна. Ако имате можност, вежбајте пред спиење, доволни се и само неколку склекови и стомачни. Луѓето кои живеат вака, живеат многу подолго и стареат здраво. Ова го тврди славниот руски кардиохирург Лео Бокерија кој комплетно […]