fbpx

Нова трагедија: Естрадата завиена во црно

Почина Влатка Гракалиќ, поранешната пејачка на „Сребрени крила“, јавија хрватските медиуми.

Тажната вест за „Вечерњи лист“ ја потврди и нејзината сестра Маја.

„Да, за жал, Влатка почина во неделата во Норвешка на 48-годишна возраст. Ќе ја испратиме тивко во кругот на семејството. Бараме мир и разбирање во овие најтешки моменти“, изјави таа.

Гракалиќ пред само една година дознала дека боледува од рак на грлото на матката.

Хрватската естрада во шок и неверување ја прими трагичната информација. Од својата наследничка во групата „Сребрени крила“ се прости и имењачката Влатка Покос.

„Не можам да ги опишам шокот и тагата од оваа прераната смрт.. Беше топла, полна со живот и како таква ќе ја паметам. Човек останува без зборови по една ваква трагедија. Искрено сочуство до семејството“, напиша таа на „Инстаграм“ споделувајќи и фотографија од нејзината младост.

Влатка настапуваше со „Сребрени крила“ од 1994 до 2000 година, а на бендот му се придружи по заминувањето на Покос. По смртта на фронтменот на групата, Мустафа Исмаиловски, се посвети на соло-кариерата и во 2008 година настапи на фестивалот „Дора“ со песната „Кажи ми“.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Со мистериозен маж живее како принцеза: Која е најбогатата жена од нашите краеви?

За ваков живот жените може само да сонуваат Поранешната српска манекенка и модна новинарка Аника Божиќ која има далечни роднини и кај нас, во 2004 година се омажи за палестинскиот бизнисмен Јусуф Ал-Сарај. Од позиција на пари и моќ, таа преку ноќ им стана интересна на медиумите кои често ја […]