fbpx

Почивај во мир, љубов моја: Југословенската дива неутешна по смртта на ќерка си

Пред неполна година, во Сплит почина ќерката на легендарната хрватска пејачка Мери Цетиниќ.

Ивана имаше само 44 години, а нејзината славна мајка во интервјуата често истакнуваше колку биле поврзани и колку добро се разбирале.

Сега таа се огласи со нова трогателна посвета.

„Секогаш со книгата во рака, велеше дека таа ти е најдобрата пријателка. Сега твоите зборови и стихови се со нас. Секој први во месецот е болно сеќавање на твоето прерано заминување.. Почивај во мир, љубов моја“, напиша југословенската поп-дива.

Во екот на популарноста, Мери Цетиниќ беше чест гостин кај нас. Во 1987 година на штипскиот фестивал „Макфест“ го отпеа хитот „Лажи ме“, песна на Григор Копров и Ромео Грил.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Чудо во домот на Радомир: Педесет години го чекаше ова!

Како што раскажува, тој ден сите негови желби се исполниле Некои луѓе среќата ја поистоветуваат со луксузни недвижнини, скапи автомобили и дебели сметки во банка, но тоа не е така во семејството Ѓоковиќ од селото Добраче. Иако животот воопшто не го мазел и секој денар го заработил со пот, Радомир […]