fbpx

Син ми живееше само две недели: Потресната приказна на Опра

Најпознатата светска водителка си ја отвори душата

Сите коишто се запознаени со ликот и делото на Опра Винфри, веројатно најпопуларната водителка на сите времиња, добро знаат колку нејзиниот живот бил тежок и каков трнлив пат поминала пред да стане милијардерка.

Светот остана со подотворена уста кога неодамна во својата емисија откри дека членови од нејзиното најблиско семејство сексуално ја злоставувале во раното детство, а по едно од бројните силувања останала бремена кога имала само 14 години. Дури и родила машко дете кое преживеало едвај две недели.

За ова болно искуство, Опра проговори уште во 90-тите години на минатиот век, признавајќи дека била принудена да ја крие бременоста бидејќи се’ уште одела во училиште.

Славната водителка неодамна призна дека на детето дури му дала и име инспирирано од Библијата.

„Се срамев кога останав бремена како тинејџерка. Сега немам од што да се срамам. Да, имав син“, изјави Опра.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Забранети четири намирници додека трае вирусот: Опасно по живот!

Кога во време на корона панично ги празневме рафтовите во продавниците, комплетно заборавивме на оние луѓе на кои одредени производи им се потребни пред се’ од медицински причини. „Ако некој остане без намирници кои им се неопходни затоа што е на специјален режим на исхрана, може да биде опасно по […]