fbpx

(ФОТО) Долго не го признаваше: Маринко Роквиќ за вонбрачниот син

Легендарниот фолк-пејач почина на 67-годишна возраст

Долго чуваната семејна тајна на Маринко Роквиќ пред неколку години конечно беше обелоденета во медиумите.

Пред да ја запознае сегашната сопруга Славица која од Загреб се пресели во Белград и со која ги има синовите Никола и Марко, популарниот пејач имал кратка љубовна авантура од која го добил најстариот син Дарио. Долго не го признаваше, но откако утврди дека детето е негово, се предомисли.

Неговиот вонбрачен син никогаш не се експонирал во јавноста, а тоа што е познато е дека живее во Канада.

Никола неодамна на својот профил на „Инстаграм“ сподели фотографија со Марко и со Дарио.

„Тројца браќа“, напиша тој и со оваа објава потврди дека тој и Марко се во одлични односи со нивниот полубрат.

Маринко Роквиќ во една прилика раскажа за аферата за која со години одбиваше да зборува.

„Се случи како што се случи. Тој се роди од некоја, да ја наречам средба. Тоа не беше врска, ниту забавување, па едноставно не бев сигурен дали детето е мое. Затоа и кажав, да ми бил тогаш паметот на место, веднаш ќе барав да проверам. Но, знаете како, малдост, лудост.. Во тоа време јас не бев оженет“, раскажа Маринко.

Фото: Немања Николиќ/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Со синот во манастир, ослабен и едвај оди: Маринко Роквиќ пред да почине

Легендарниот фолк-пејач Маринко Роквиќ почина вчера на 67-годишна возраст. И покрај сериозната животна битка која ја водеше подолго време, неговите најблиски до самиот крај веруваа дека ќе се извлече. Пред да биде хоспитализиран, екипата на „Папарацо лов“ успеа да го сними Роквиќ во друштво на синот Никола кој го носи […]