fbpx

(ФОТО) Со синот во манастир, ослабен и едвај оди: Маринко Роквиќ пред да почине

Легендарниот фолк-пејач Маринко Роквиќ почина вчера на 67-годишна возраст.

И покрај сериозната животна битка која ја водеше подолго време, неговите најблиски до самиот крај веруваа дека ќе се извлече.

Пред да биде хоспитализиран, екипата на „Папарацо лов“ успеа да го сними Роквиќ во друштво на синот Никола кој го носи на молитва во манастирот Раковица каде е гробот на Патријархот Павле.

Двајцата се држат за рака, а судејќи по фотографиите, Маринко е видно ослабен.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Ова е страшно: Трогателни зборови по смртта на Маринко Роквиќ

(ФОТО) Долго не го признаваше: Маринко Роквиќ за вонбрачниот син

Роквиќ ја започна кариерата 1974 година. Беше познат интерпретатор на севдалинки. Покрај музиката, обожаваше да тренира фудбал.

По информацијата дека подолго време се борел со бактерија која му го нападнала организмот, неговото семејство преку соопштение наведе дека починал по тешка борба со ракот на панкреасот.

Фото: Принтскрин/Папарацо Лов

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Од корона им почина цело семејство: Марија и Лазар пред нова борба!

На 22-годишната Марија и на нејзиниот шест години помлад брат Лазар преку ноќ им се промени животот. До пред еден месец биле среќни со своето семејство, а потоа короната им зеде се’. Нивните родители, баба им и прабаба им се разболеле и починале од последици на Ковид-19. Останале без фамилија, […]