fbpx

Му ги скршил и рацете и нозете: Ова е очувот кој ѕверски претепа бебе

Белградското основно обвинителство му одреди триесетдневен притвор на Рашид Б. (29) поради сомнение дека на четврти ноември во домот во населбата Карабурма крвнички го претепал едногодишниот посинок С.Р.

Според првичните сознанија, бебето е хоспитализирано со тешки телесни повреди, но неговата состојба е стабилна.

Веќе е сослушана мајката на момчето, Сандра М., која рекла дека за време на инцидентот не била дома, а нејзиниот невенчан сопруг го негирал ѕверскиот напад.

Рашид изјавил дека никогаш не кренал рака на детето и дека критичната ноќ само му дал цуцла бидејќи постојано плачело. Наводно не забележал дека бебето е облеано во крв се’ додека мајката не го пуштила светлото во собата.

„Јас детето не го ни допрев и не можам да објаснам од каде му се овие повреди“, се бранел тој.

Очигледно полицијата не поверувала во неговата приказна.

„Повредите кои се констатирани кај бебето може да се нанесат само со ќотек. Од засега непознати причини до тој степен го претепал што бебето има скршеници и на рацете и на нозете“, вели извор близок на истрагата.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Единствен шарм, неповторлива појава: Трогателна посвета за Мичо

Мичо Егеецот.. Последен поздрав Мичо.. Почивај во мир.. Човекот со наочарите е познат скопски лик. Мичо Егеецот е скопска современа легенда. Жива, до денес. Еве како го паметам од периодот на речиси секојдневните дружења во познатиот тениски центар во Скопје, „АБЦ“. Кога велам дружења, тогаш, мислам на моментите кога во […]