fbpx

Болеста на синот ја промени засекогаш: Тешката судбина на Есмералда

Оние што гледаа шпански сапуници дефинитивно се сеќаваат на славната „Есмералда“, хит-серија која доживеа голема популарност на почетокот на овој милениум.

Главната хероина, актерката Летиција Калдерон, за време на снимањето имаше 29 години и беше на врвот на својата актерска кариера. Таа и после две децении глуми во сапуници, а во меѓувреме приватно се соочи со многу предизвици.

Првиот животен тест го имала токму за време на снимањето на „Есмералда“ кога била навлечена на кокаин.

– Бев млада, на врвот на кариерата, полна со пари и сѐ ми беше достапно. Непромисленоста можеше да ме чини живот -раскажа таа во едно интервју.

Како што призна, од дрогата се извлекла кога нејзина добра пријателка го изгубила животот од предозираност.

Летиција немаше многу среќа ниту во љубовта и двапати се колнеше на вечна љубов. Од вториот брак со адвокатот Хуано Коладо ги има близнаците Лусијано и Карлос, а двојката се разведе во 2010 година по осум години заедница.

Малиот Лусијано е роден со Даунов синдром, поради што Летиција во 2005 година направи долга пауза во кариерата и се посвети на грижата за него. 

Иако болеста на синот имала големо влијание на нејзиниот живот, таа се помирила со ситуацијата уште од неговото раѓање и никогаш не се осудила да праша зошто баш нејзе и на нејзиното дете ѝ се случила таква судбина.

Следни Објави

Уморна сум, ќе му се придружам на Маринко: Трогателна порака на Нада Обриќ

Смртта на легендарниот фолк-пејач Маринко Роквиќ погоди многумина, а веста за неговото заминување од овој свет тешко ја прифати и неговата колешка Нада Обриќ која и самата поминува низ пекол. Познатата пејачка открива дека нивниот последен контакт бил во септември и дека тогаш воопшто не насетила дека ќе дојде до […]