fbpx

Единствен шарм, неповторлива појава: Трогателна посвета за Мичо

Мичо Егеецот.. Последен поздрав Мичо.. Почивај во мир..

Човекот со наочарите е познат скопски лик. Мичо Егеецот е скопска современа легенда. Жива, до денес.

Еве како го паметам од периодот на речиси секојдневните дружења во познатиот тениски центар во Скопје, „АБЦ“. Кога велам дружења, тогаш, мислам на моментите кога во таа средина не сме биле на иста маса, кога сме се гледале од преку два астали, ама тоа за посетителите на „АБЦ“ значеше дружење. И да сакаш и да не сакаш, тоа таму, тогаш, го имаше ова значење. Неисе, со сиот ризик дека влегувам во опис на личност и карактер во кој се сместени сите скопски позитивни елементи преку кои може да се наслика ваков лик, сепак, ќе издвојам неколку мои впечатоци.

Велат вака: Единствен шарм, неповторлива сериозно зборлеста појава, која, дури и тогаш кога испливуе на површина со чудесни критики, со секогаш различни описи на исти констатации за одредени однесувања или состојби, со шокантни изјави, кои, можат да ти ги превртат цревата, час од кикотење, час од вчудовидување, или, да замолчите за да се воздржите од жестоко смеење, кога, например, Мичо, ќе искрши рекет на терен затоа што го акнал топчето у мрежа на значаен поен, за да не помисли дека му се исмевате, и на тој начин да го навредите, потоа, неговата неверојатна сериозност во тој уникатен скопски шарм, пропратено со сите нишани на современоста и збиднувањата од понапредните и посовремените градови и средини, микс на неверојатна дарба за внесување на расположение и кревање позитивна аптмосфера, кај Мочи Егеецот се единствени. И Шош и Ѓутла беа зборлести и шармантни, и други, ама, Мичо дефинираше различен, свој шмек на скопскоста во сите сфери. Секогаш привлечен, пријатен и возбудлив..

Таму каде што е Мичо Егеецот, таму, не може да биде незабавно, невесело. Таму не може да биде тмурно. Таков е, и со таков ореол зрачи, и со таква уметничко присна љубезност знае да зрачи во секоја средина каде е присутен. Со истата енергија беше исполнет и објектот, ресторанот, кафеаната или терасата кај Драмски, додека беше под негово управување. Многу скопјани и ден денес жалат за тој „политички“ потег, да му се одземе концесијата, да се тргне човекот кој само со својата појава, зрачи со ненормална нормалност. Дури и тогаш кога во АБЦ ќе се појавеше со една жолта друга црвена патика, или чарапа, тоа беше нормална ненормалност, чим е на Мичо..

Го следам и овде на ФБ, па иако забалежувам мала нервоза на нервнa политичкa база во неговите статуси, чим се од него, тие секогаш се нормални, колку и да ми личат обратно..

Поздрав Мичо, и почивај во мир..

Фејсбук статус на Борче Трајковски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Сталоне за смртта на синот: Ниедна болка не може да се спореди со онаа кога ќе изгубиш дете!

Херојот од култните акциони филмови, легендарниот Силвестер Сталоне, тивко ја преживеа смртта на својот син, но кога одлучи да проговори, со неговите зборови расплака милиони луѓе ширум светот. Сејџ, првото дете на Сталоне со сопругата Саша Чак, почина на 36-годишна возраст на 13 јули 2012 година, во неговиот стан во […]