fbpx

Уморна сум, ќе му се придружам на Маринко: Трогателна порака на Нада Обриќ

Смртта на легендарниот фолк-пејач Маринко Роквиќ погоди многумина, а веста за неговото заминување од овој свет тешко ја прифати и неговата колешка Нада Обриќ која и самата поминува низ пекол.

Познатата пејачка открива дека нивниот последен контакт бил во септември и дека тогаш воопшто не насетила дека ќе дојде до ваква трагедија. Дури верувала дека Маринко ќе биде тој што ќе дојде на нејзиниот погреб.

„Јас веќе бев таму каде што сега е Маринко. Се вратив, не знам како.. А таму е толку убаво што не постојат зборови за да се објасни. Да, мене ми е жал што се вратив. Тој е таму меѓу ангелите, сигурна сум. Поради состојбата нема да можам да му отидам на вечното почивалиште, но сум сигурна дека наскоро ќе му се придружам. Уморна сум“, изјави таа за „Плус онлајн“.

Нада Обриќ пред неколку месеци во една емисија проговори за борбата со опаката болест и за тортурата низ која поминувала.

– Ова ми е трет рак. Сега беше многу тешко и трауматично. Неодамна бев на контрола и резултатите покажаа дека сум комплетно излекувана. Нема поголема победа и награда. Имам две внучиња за кои живеам – ја започна својата приказна таа.

Нада за кратко време им стана голема мотивација и поддршка на луѓето кои се борат со карцином.

– Не беше лесно, но психата е чудо. Тоа не умеам да го објаснам. Ми рекоа дека ми остануваат уште три месеци живот. Некаде длабоко во себе знаев дека тоа не може мене да ми се случи. Беше тешко, ама преживеав. Треба да се слуша сопствениот организам кој прецизно ти кажува што му е потребно. Не заборавајте дека ништо не е завршено додека навистина не заврши – дополни Обриќ.

(ФОТО) Долго не го признаваше: Маринко Роквиќ за вонбрачниот син

Пејачката во таа прилика потсети дека секоја секунда е важна, дека секој ден се случува нешто убаво, само мора да посакаме тоа да го видиме или да го почувствуваме.

– Секогаш постои надеж. Само Бог е оној кој знае се’. Не треба ништо да се чита на интернет. Секој е случај за себе. Неопходна е позитивна мисла. Тешко е, но ќе се изборите. Не треба да се предавате, тоа е суштината – заклучи таа.

Фото: Н. Мандиќ/Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Татко и ќерка се заразиле на семејна прослава, починале во ист ден

Нова семејна трагедија го вознемири регионот Во ист ден од последици на Ковид-19 починале Јован (58) и Горица (38) Станојевиќ, татко и ќерка од Велико Градиште. Се заразиле на семејна прослава, а на лекар отишле предоцна. Итно биле хоспитализирани во болницата во Пожаревац, но и покрај огромниот ангажман на здравствените […]