fbpx

Мијаковски: Ова е вистината за докторката која почина и по две дози вакцина

Трагедија

Мојата резигнираност и револт против „стручната екипа“ на Филипче, поради огромниот број на изгубени животи (до сега околу 7.500), во ковид болниците на Република Македонија, ќе ја изразам со прашања:

АКО НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО СПАСИТЕ ЖИВОТОТ НА ВАША ЛОЈАЛНА МЛАДА КОЛЕШКА – ДОКТОР, ПОЗИТИВНА НА КОВИД, ВАКЦИНИРАНА СО ДВЕ ДОЗИ „ВАКЦИНИ“, ТОГАШ КАКО ЌЕ ВЕРУВА НАРОДОТ ВО ВАС, ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ВАКЦИНИРА И ДЕКА ЌЕ ИМ ГО СПАСИТЕ ЖИВОТОТ СО ВАШАТА СТРУЧНОСТ ВО ВАШИТЕ БОЛНИЦИ…?

Поради скепсите, дилемите и недореченостите, прашањето до министерот Филипче, особено после неговата денешна изјава, која ги оправдува мојата резигнираност и револт, што ја слушнав во пладневен ТВ дневник: „..дека не ги знае причините за толкава смртност..” го надополнувам со прашањето: ДАЛИ НАВИСТИНА СЕ РАБИТИ ЗА НЕДОВОЛНА СТРУЧНОСТ, ВО ВАШИТЕ ЕКИПИ, ПА И ВАША, ИЛИ ПАК СЕ РАБОТИ ЗА НЕШТО ДРУГО?!

Еве го поводот за прашањата до министерот. Денес беше многу тажен ден за неколку наши фамилии ама и пошироко. Денес не’ известија дека прва братучетка на Ана, позитивна на ковид, почина во градската болница. Докторката и нејзиниот сопруг имале примено по две дози против ковид! Во тој период биле два пати позитивни на ковид. Докторката од кумановска болница била префрлена во скопската болница, додека сопругот останал во кумановската болница. Поради отежнато дишење, била поставена на машина -респиратор. За жал, за кратко време, два дена, нејзините колеги не успеале да ѝ го спасат животот.

Трагедијата да биде поголема, истовремено, нејзиниот татко паднал во неговиот дом. Со брза помош го префрлиле во болница, тестовите покажале дека и тој е позитивен на ковид, поради немање место во болницата, го сместиле во модуларната болница. Исто така и тој имал примено две вакцини против ковид!

Сестрата на таткото, тетка на докторката, исто така била позитивна на ковид, исто така имала примено две вакцини против ковид! Поради нашата љубов и почит кон неа, со мојата сопруга, успеавме да ја убедиме да земе една доза ивермектин. Ете таа е добра и брзо се опоравува.

Трагедијата да биде вистинска ТРАГЕДИЈА, утре, на нејзиниот погреб, поради протоколите на министерството за здравство, не ќе можат да и бидат присутни најблиските, таткото, сопругот, тетката.. Вистинска ТРАГЕДИЈА на ова време..!?

Особеност на Лела беше неизмерното бескрајно ПОМАГАЊЕ на сите на кои им беше потребна помош, сега кога нејзе и беше потребна СТРУЧНА медицинска помош, НЕ УСПЕЕА ДА Ѝ ПОМОГНАТ…!?

ЖАЛНО, НАВИСТИНА ЖАЛНО!

Фејсбук-статус на Ристо Мијаковски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

(ФОТО) Убавица: Запознајте ја ќерката на Ирена Спасовска!

По раскинувњето на долгогодишната врска со новинарот и поранешен уметнички директор на „Фолк фест Валандово“, Орце Гелевски, познатата фолк-пејачка Ирена Спасовска очигледно ужива во слободата, а тоа постојано го покажува и на социјалните медиуми. На фановите често им сервира и провокативни фотосесии, најчесто од патувања, а за возврат добива бројни […]