fbpx

После сѐ, утеха најде во музиката: Која е Македонката која блесна во „Ѕвездите на Гранд“?

Валери Димовска не е ново име на музичката сцена. Како придружен вокал имаше прилика да застане и на големата евровизиска сцена, но се чини дека дури сега го добива заслуженото внимание

Во „Ѕвездите на Гранд“ блесна уште една македонска натпреварувачка. Станува збор за 24-годишната велешанка Валери Димовска.

Во првиот круг аудиции се претстави со песни од Тијана Богичевиќ и Анастасија Ражњатовиќ и заслужено ги доби сите шест гласови од жирито.

За свој ментор го одбра Ѓорѓе Давид, избор кој ги збуни присутните во студиото, но не и оние кои со години го следат нејзиното музицирање и добро го познаваат нејзиниот сензибилитет.

Валери не е ново име на музичката сцена. Како придружен вокал имаше прилика да застане и на големата евровизиска сцена кога во 2018 година во Лисабон нашата земја ја претставуваа „Ај Кју“. Со години соработува со нашиот хитмејкер Дарко Димитров и снима придружни вокали на некои од песните што тој ги прави. Токму тој стави потпис и на нејзиниот прв официјален сингл, темата „Не ти давам“.

Во едно свое интервју изјави дека сака да снима песни со силна порака кои комплетно ќе ја отсликуваат и дека ѝ се допаѓа стилот на Лана Дел Реј. Во истата прилика откри дека е голем верник и дека подолг период настапувала со црковниот хор. Пред многу години проговори и за приватниот живот.

„Успеав да го пребродам периодот кога моите се разведоа. Во денешно време тоа често се случува. Секоја препрека ја поминав сама и научив како да се борам за она што го сакам. Утеха најдов во музиката. Ме прави среќна, ме исполнува и ми дава љубов“, раскажа Валери.

Фото: Фејсбук/Гранд онлајн

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

(ФОТО) Лидија и татко ѝ пронајдени мртви: Ги убиле поради ОВА, сите се во шок

Никој не претпоставувал дека во семејната куќа имаат нешто толку „опасно по живот“ Пред точно една година биле убиени средовечен маж и неговата ќерка тинејџерка, а истрагата покажала дека злосторството најверојатно било поврзано со кражба на неколку скапоцени виолини. Германците Бернард Рајмонд вон Бредов (62) и неговата ќерка Лорена Лидија […]