fbpx

Василиј доби нова борба, една од најтешките: Симона за своето предвремено родено бебе

Светскиот ден на предвремено родените деца (17 ноември) се одбележува во повеќе од 60 земји, уште од 2011 година.

Целта е да се подигне јавната свест за овој алармантен проблем што честопати се потценува, давајќи им глас на семејствата на младите пациенти кои се борат со животот.

На оваа тема во прво лице проговори и Симона, мајка на малиот херој Василиј, роден на 25 март во 28. недела од бременоста. Како што вели, тој ден и секој нареден веќе забораваш дека постои сè друго.

„По долги и тешки 57 дена на NICU дојде денот заедно со нашиот син да си дојдеме дома. Борбата продолжува и дома бидејќи сите тие дијагнози се сè уште присутни, сега ти стануваш медицинска сестра која целодневно ќе му подготвува терапии и ќе му прави вежби на бебето, но тоа е за тебе супер, сепак бебето ти е дома, задоволство ти е да правиш сè за него. Наредните 2 месеца не спиеш воопшто затоа што се плашиш, седиш и го слушаш секој негов здив, знаеш дека машината не е тука да свири доколку нешто не е ок, кога не си сигурна го будиш да видиш дека е добар па го заспиваш наново. Но сè тоа поминува со текот на времето, заедно учите како да си олеснувате, го гледаш како расте и се радуваш на секоја наредна контрола кога ќе кажат дека е подобар. И по 6 месеци од раѓањето конечно можевме да земеме здив, нашиот јунак Василиј успеа да се избори, ги надминавме проблемите, ги намаливме лекарствата и терапиите, сите велат еве сега опуштете се и уживајте, но ти не знаеш како личи тоа да се опуштиш. Се надевам другите мајки на предвремено родени бебиња ќе го научат тоа чувство, но, за жал, јас не можам. Само што успеа да победи сè, мојот јунак Василиј овој пат доби нова борба, една од најтешките“, раскажува Симона.

Вели дека сега останува да верува дека ќе се избори повторно, за мама и тато да бидат уште посреќни и да се радуваат на него целиот живот.

Целата исповед можете да ја прочитате на официјалниот сајт на „Систина“.

 

Следни Објави

(ВИДЕО) Светот во шок, познатиот рапер свирепо убиен

Раперот Јанг Долф денеска е застрелан во Мемфис, информираат американските медиуми. Во музичарот најпознат по синглот Major било пукано додека влегувал во ресторан, тврдат сведоци на трагедијата. Повеќе информации за немилиот настан засега нема. Фановите на Јанг потсетуваат дека нивниот идол со години имал сериозно лош однос со музичарот Џо […]