fbpx

По забавата заминала со Иван, следното утро ја пронашле мртва во нива: Деталите ќе ве шокираат

Бриса Абрил Формосо Собрадо (19) е силувана, па задавена со панталони недалеку од Буенос Аирес, а ова несекојдневно злосторство ја вознемири цела Аргентина.

Обдукцијата покажала дека мајката на деветмесечно бебе прво била сек*суално злоставена, а дека починала од компресија во пределот на вратот предизвикана од давење со панталони, пренесува „Кроника“.

Бриса последен пат е видена во саботата на една вечерна забава каде го запознала 23-годишниот Иван Хуго Моралес со кого подоцна заминала во непознат правец.

Откако ноќта не се вратила дома, а не се јавувала ниту на мобилниот, семејството го пријавило нејзиното исчезнување во полиција и властите веднаш тргнале во потрага по тинејџерката.

Телото го пронашле во една нива покрај автопатот недалеку од аргентинската престолнина.

Моралес бил идентификуван со ДНК-анализа и полицијата веднаш го уапсила.

„Осомничениот имаше гребнатини на рацете компатибилни со знаците на одбрана кај неговата жртва. Во неговиот дом е запленета облека која ќе биде анализирана за да се утврди дали истата ја носел за време на крвничкото дело. Облеката била свежо испрана, но на истата сепак се пронајдени траги од крв“, изјави обвинителот Данијел Ичазо.

Иван Моралес е обвинет за убиство и за силување и се соочува со доживотна казна затвор.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Спијат во една соба по десет души за пусти пари: Статус за нашите иселеници од кој навираат солзи

Напуштаат своја плодна земја за да садат и берат плодови во Италија, речиси цела источна Македонија. Спијат на купче во една соба и по десет души, а имале своја соба дома. Земјата запустена, понекој повозрасен земјоделец ја обработува сo тага во очите, мислејќи за иселените деца. Напуштаат свои станови, ги […]