fbpx

Познатиот српски кошаркар се бори за живот, зборовите на неговата сестра ќе ве расплачат

Српскиот кошаркар Стеван Јеловац во неделата доживеа мозочен удар.

Состојбата на 32-годишниот повремен репрезентативец е стабилна, но и понатаму критична.

Со емотивна објава на социјалните мрежи се огласи неговата сестра Сара, а нејзините зборови дефинитивно ќе ве расплачат.

„Љубов моја, сакам толку многу работи да ти кажам, не знам од каде да почнам. Не постојат зборови на овој свет кои би те опишале. Ти си мојот свет, моето се’. Мојот голем брат. Отсекогаш си бил мојот борец и јунак. Се гордеам со твојот живот, со твојата кариера, со тебе. Ти си посебен човек. Од кога знам за себе, ме чуваш, се поставуваш заштитнички, го обожавам тој твој став. Но, твојата сестра мора да ти каже дека повеќе не е мала, пораснав љубов моја. Тој ден пораснав. Тој ден кога нашиот живот се преврте без никаква најава и можност тоа да го спречиме. Се сеќаваш кога и двајцата превртувавме очи кога мама и тато ќе кажеа: Целиот живот е борба. Епа, дојде тој момент, бато мој, таа реченица да ја прифатиме и да ја сфатиме сериозно. Знам дека ме слушаш и затоа сакам да ме слушнеш внимателно. Немој да се плашиш, тука е твојата сестра, сите сме тука, со тебе сме. Знаеш, убавецу мој, чувствувам дека Бог ми испраќа натчовечка моќ и сила. Јас сум твоја крв, твое месо, јас те чувствувам, знам дека ме чувствуваш и ти мене. Докторите кои ми те чуваат велат дека е ова маратон, замисли колку радост ќе донесе во нашите животи победа, живеам за тој ден, убавецу мој. Живеам за денот кога повторно ќе се насмееш на цел глас од срце, онака како што само ти умееш, љубов моја. Те сака твојата сестра“.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трпеше страшни болки: Ова се последните зборови на Мерима Његомир

По кратко и тешко боледување, на 69 години почина Мерима Његомир. Тажната вест ја потврди и нејзината ќерка Љубица, а српските медиуми пишуваат дека легендарната пејачка боледувала од рак на панкреасот. Бројни естрадни личности се огласија со емотивни пораки по нејзината смрт, меѓу нив и Нада Топчагиќ со која Његомир […]