fbpx

Мила моја мамичке: Ќерката на Мерима Његомир неутешна

Легендарната југословенска пејачка Мерима Његомир почина денеска на 69 години.

Тажната вест за медиумите ја потврди нејзината ќерка Љубица Његомир Живиќ која подоцна се огласи и на социјалните мрежи.

Таа на „Фејсбук“ сподели трогателна посвета, а нејзините пријатели во голем број ѝ дадоа поддршка во овие тешки моменти за семејството.

„Беше чест да се биде твое дете. Бескрајно мила моја мамичке“, напиша таа.

Со емотивни пораки се огласија и бројни естрадни личности, а меѓу нив и Нада Топчагиќ со која Његомир беше особено блиска.

„Страшно, каква жена ни замина. Немам зборови. После ова, ништо не е исто. Толку сум тажна и очајна. До последен ден се надеваше дека ќе се излекува, дека ќе помине и ова“, низ солзи раскажа Нада.

Легендарната интерпретаторка почина од рак на панкреасот.

Нејзината последна изјава за болеста прочитајте ја ОВДЕ!

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Во споредба со Јонче, Тома Здравковиќ е само еден обичен пијаница

Го глеав вчера филмот ,,Тома” мислам на српскиот Тома, а не на британскиот ,,Томи”. Го глеав негде до пола и ми здосади! Бјелогрлиќ сакал да прикаже некоја стара боемска прича за исклучително талентиран чоек кој не му иде у љубав и се дава на коцка и алкохол (според мене некоја […]