fbpx

Нека ти е светол патот, има кој да те чека: Македонија тагува по Горан

Уште еден живот прерано згасна

Почина Горан Стојмировски, име добро познато на македонската јавност.

Тажната вест ја објавија од порталот „Мотори“ на нивната официјална фејсбук-страна.

„Со голема тага и неверување ја примивме веста за смртта на еден од легендите на македонскиот мото свет, Горан Стојмировски-Жути. Искрено сочувство до семејството, клубот и пријателите. Нека почива во мир“, стои во објавата.

Оние што го познавале имаат само добри зборови за него. Велат дека бил многу добар другар, препознатлив по позитивната енергија.

„Нека ти е светол патот по кој ќе одиш таму нагоре. Има кој да те чека. Ќе фалиш овде во нашето Драчево, а најмногу на твоите два ангела“, е еден од коментарите.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Потресно! Мајка на малолетно дете умира, семејството се одлучи за ова!

Ѝ остана уште малку време Беки Еспинал има 33 години, а семејството ѝ подготви предвремена божикна прослава бидејќи е неизвесно уште колку ќе живее. Пред тринаесет години кога останала бремена со синот Алфи, лекарите ѝ дијагностицирале Хантингтонова болест (хронично, невродегенеративно мозочно заболување). Поради неизвесноста со која се соочуваат секој нареден ден, […]