fbpx

Македонија завиена во црно: Загинаа најмалку 45 лица, меѓу нив 12 деца

Трагедија утрово ја потресе македонската јавност

Најмалку 45 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот „Струма”, информира бугарската национална агенција.

И дописникот на МИА од Софија, Станимир Станев, потврди дека загинале 45 македонски државјани, а седум преживеале.

Меѓу загинатите има и деца, дури и двајца близнаци. Преживеале две жени и двајца мажи кои се пренесени во болницата „Пирогов” во Софија, открива тој.

Се’ уште се работи на утврдување на причините за пожарот во автобусот.

За ТВ 21 се огласи и премиерот Зоран Заев.

„Се случи страшна трагедија на автопатот Струма према Благоевград. Македонски автобус се враќал од Истанбул, Турција – од екскурзија. Трагедијата е на раскрсницата према едно помало место каде што од 53 патници во автобусот 46 се погинати на лице место, а 7 се во болница во Софија. Јас, министерот за здравство, министерот за надворешни работи сме веќе пред Софија, да ги посетиме болните и да дознаеме повеќе за несреќата. Жално е што помали од 18 години се 12 деца а и другите млади, страшна трагедија, огромна трагедија, сочувство за семејствата. Знаеме уште кои се граѓаните, ни потврдија дека се наши граѓани, ни потврдија дека се во добра состојба 7-те души кои се во болница и затоа идеме таму да се информираме за сите детали“, вели Заев во изјава за ТВ21.

Фото: Принтскрин БГНЕС

Следни Објави

Први фотографии од запалениот македонски автобус: Жртвите се на возраст од 25 до 30 години

Жртвите на трагедијата се млади луѓе на возраст од 25-30 години, има и 12 деца. Трагедијата е голема, изјави премиерот Зоран Заев за Бугарија ON AIR, пренесува ТВ 21. Тој вели дека успеал телефонски да разговара со едно од лицата сместени во болницата „Пирогов“. „Трагедијата е голема. Сега најважно е […]