fbpx

Повредените се од исто семејство, меѓу нив и 16-годишна девојка

Нови детали за трагедијата која ја потресе македонската јавност

Само еден од повредените има скршеница, но сите се во стабилна состојба, контактабилни, навремено згрижени. Повредените се членови на едно семејство од кои најмладото лице е 16-годишна девојка.

Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче за преживеаните во страшната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 45 лица.

Филипче предмалку се огласи и на „Фејсбук“.

„Веста за страшната трагедија што се случи во Бугарија не’ потресе сите. Многу млади изгубени животи, неизмерна тага и болка за семејствата до кои изразувам сочувство. Утрово во болницата во Софија ги посетив патниците кои ја преживеаја страотната сообраќајка. Во разговор со колегите од Клиниката, пациентите се згрижени, соодветно третирани и сите се стабилни и надвор од животна опасност“, напиша тој.

Први фотографии од запалениот македонски автобус: Жртвите се на возраст од 25 до 30 години

Премиерот Заев потврди дека најголем број од патниците се македонски државјани. Меѓу нив имало и српски државјанин од Прешево кој со вереницата од Куманово бил дел од групата, а еден патник имал белгиско државјанство, пренесе „СДК“.

Следни Објави

Објавен список со патници од изгорениот автобус

Нема утеха Телевизија Алсат објави список со патници кои наводно се превезувале со автобусот кој рано утринава изгоре на автопат во Бугарија. Од истиот може да се види дека најмладите жртви се родени 2014 и 2017 година. Списокот до кој дојде Алсат: Мемеди Кадри,Широки Мухсин,Љупчо ЗафировАмети Љуан,Амети Џихан,Амети Аљбан,Амети Авни,Рустеми […]