fbpx

Преживеан сведочи за несреќата: Вака се спасил!

Игра на судбината

Љуљзим Сулејмани, 26-годишното момче од Прешево, утронава во последен миг се спасило од сигурна смрт.

Тој е еден од седумте патници кои ја преживеаја најтешката сообраќајна несреќа во последните десет години во Европа.

Со уште неколкумина патници го скршил прозорецот и скокнал од автобусот.

Во болницата во Бугарија каде што се опоравува, денеска го посети тамошниот српски амбасадор Жељко Јовиќ. Меѓу другото, му посакал што поскоро да ја напушти болницата и да се сретне со неговата свршеница, македонска државјанка, која исто така ја преживеа несреќата и е сместена во истата болница.

Во меѓувреме, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, соопшти дека автобусот немал лиценца за меѓународен превоз, поточно му била истечена и не била извадена нова. Истиот автобус не бил ниту регистриран дека ќе сообраќа на релација Македонија-Турција. Тој патувал во групата со уште три автобуси кои имале лиценца за превоз на патници.

Фото: Профимедија/Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Сè уште не знае дека син му изгоре: Најтажниот момент од автобусот на смртта

Орхан Алити е еден од преживеаните седум патници во катастрофалната автобуска несреќа во која животот го загубија 45 лица од кои 12 деца. Тој се’ уште не знае дема меѓу жртвите е и неговиот син Висар. Орхан заедно со Љуљзим Сулејмани го скршиле задното стакло и им помогнале на останатите […]