fbpx

Први фотографии од запалениот македонски автобус: Жртвите се на возраст од 25 до 30 години

Жртвите на трагедијата се млади луѓе на возраст од 25-30 години, има и 12 деца. Трагедијата е голема, изјави премиерот Зоран Заев за Бугарија ON AIR, пренесува ТВ 21.

Тој вели дека успеал телефонски да разговара со едно од лицата сместени во болницата „Пирогов“.

„Трагедијата е голема. Сега најважно е да видиме како да им помогнеме на настраданите“, порача Заев.

Трагедија утрово ја потресе македонската јавност откако бугарската национална агенција јави за тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот „Струма”.

И дописникот на МИА од Софија, Станимир Станев, потврди дека загинале 45 македонски државјани, а седум преживеале.

На социјалните мрежи се појавија и први фотографии од запалениот македонски автобус.

Насловна: Булфото

 

Следни Објави

Повредените се од исто семејство, меѓу нив и 16-годишна девојка

Нови детали за трагедијата која ја потресе македонската јавност Само еден од повредените има скршеница, но сите се во стабилна состојба, контактабилни, навремено згрижени. Повредените се членови на едно семејство од кои најмладото лице е 16-годишна девојка. Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче за преживеаните во страшната сообраќајна […]