fbpx

Сите солзи сега се минато: Македонската пејачка искрено за мајчинството

Чувството да се биде мајка е најубавото нешто што сум го доживеала. Иако долго го чекав овој момент и многу тешко стигнав до ова, за миг сè се заборави. Сите тешкотии, сите солзи, раскажува македонската пејачка Татијана Стефановска во искрено интервју за „Женски магазин“.

Познатата фолкерка веќе десет години е во хармоничен брак со музичарот Митко Бежаноски, а годинава конечно ѝ се исполни најголемата желба – да стане мајка.

Открива дека Ана е многу мило, но пргаво бебе.

„Ова е најубавата работа што може да се доживее, но воедно и најтешката, најодговорната и затоа не знам што би правела без помошта од моето семејство“, вели таа.

Кога пред пет месеци се роди Ана, Стефановска радосната вест самата ја сподели на социјалните мрежи.

„Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка! Ана! Господ секаде да дава ваква радост“, напиша тогаш на „Фејсбук“.

Ова е второ дете за нејзиниот сопруг, кој од претходниот брак има син.

Фото: Инстаграм


Следни Објави

Преживеан сведочи за несреќата: Вака се спасил!

Игра на судбината Љуљзим Сулејмани, 26-годишното момче од Прешево, утронава во последен миг се спасило од сигурна смрт. Тој е еден од седумте патници кои ја преживеаја најтешката сообраќајна несреќа во последните десет години во Европа. Со уште неколкумина патници го скршил прозорецот и скокнал од автобусот. Во болницата во […]