fbpx

Не живеам, само функционирам: Мајката на починатиот Марко искрено за трагедијата

Секоја вечер го молам Господ, да ми се јави барем во сон, да му го видам лицето и да го прегрнам, вели таа

Животот кога ќе се изгуби дете не е веќе живот. Не живееш туку само функционираш и затоа кога ќе ме прашаат како сум, велам – функционална. Оваа наша лична трагедија одлучивме да не ја претвориме во патетика, туку да се избориме со болката и да го продолжиме патот на Марко, како што доликува, на неговиот лик и дело.

Оваа изјава е дел од искреното интервју на Александра Божиновска, мајка на младиот македонски ракометар Марко Божиновски кој летово ненадејно почина во сон на 20-годишна возраст.

Таа за „Женски магазин“ раскажува за последните часови пред трагедијата, пред нејзиното чедо да потоне во вечен сон, но и од што конкретно починал нејзиниот син.

„По извршената обдукција, кај Марко беше констатирана дијагноза Myocarditis, односно воспаление на срцевиот мускул. Тоа е болест на спортистите, од тоа се починати многу млади спортисти низ годините. Ниту алкохол во крвта, ниту било какви недозволени супстанци – едноставно добил грч на срцевиот мускул во сон. Имаше нагаѓања дека причина за смртта е откачен тромб поради прележана корона, но дијагнозата е исклучиво Myocarditis. Ја прашавме докторката дали тоа има врска со тој синдром од пред 7-8 години, но одговорот беше категорично НЕ. Тој и самиот не знаел што му се случило, ниту пак имал било какви симптоми. Исто така ни беше посочено дека за ова нема превентива, ако не го бараш миокардитот тој нема да даде симптом. Барем не кај спортисти во одлична физичка форма“, објаснува Божиновска.

Целата исповед прочитајте ја на „Женски магазин“.

Следни Објави

Ова е возачот на автобусот: Љупчо можел да ја избегне трагедијата?

Нови детали за катастрофалната сообраќајка Љупчо Зафиров е возачот кој управувал со автобусот на „Беса транс“ кој вчера се запали на автопат во Бугарија и загинаа 46 лица. Бугарските медиуми од почетокот шпекулираа дека причина за несреќата најверојатно е „грешка на возачот“ бидејќи возел со брзина од сто километри на […]