fbpx

Сè уште не знае дека син му изгоре: Најтажниот момент од автобусот на смртта

Орхан Алити е еден од преживеаните седум патници во катастрофалната автобуска несреќа во која животот го загубија 45 лица од кои 12 деца.

Тој се’ уште не знае дема меѓу жртвите е и неговиот син Висар.

Орхан заедно со Љуљзим Сулејмани го скршиле задното стакло и им помогнале на останатите пет души да се спасат од сигурна смрт.

Откако скокнал на земја, Орхан ја скршил ногата. Неговото чедо се’ уште било во автобусот. Наводно, почнал да го довикува: „Скокај, Висаре, скокај“. За жал, момчето исчезнало во пламенот.

Состојбата на Алити е стабилна. Неговиот брат Самет Алити им откри на медиумите дека се’ уште не е докрај свесен што се случило и дека допрва треба да му биде соопштена тажната вест.

Трагедијата ја преживеа и 16-годишната Зулејха. Нејзиниот татко Аднан Јашаровски веќе пристигна во Софија да ја види ќерка си која ја преживеа бруталната несреќа.

„Само рацете ѝ се изгорени. Не е во животна опасност. Уште е во шок и постојано плаче“, вели тој.

Фото: Профимедија

Следни Објави

Не живеам, само функционирам: Мајката на починатиот Марко искрено за трагедијата

Секоја вечер го молам Господ, да ми се јави барем во сон, да му го видам лицето и да го прегрнам, вели таа Животот кога ќе се изгуби дете не е веќе живот. Не живееш туку само функционираш и затоа кога ќе ме прашаат како сум, велам – функционална. Оваа […]