fbpx

Денеска е Свети Јован Милостив: Спасете се од несреќа и зло, направете го ова!

Православните верници на 25 ноември го одбележуваат празникот посветен на Свети Јован Милостив, светец на добрината, како што симболично го нарекуваат.

Свети Јован Милостив бил патријарх Александриски кој живеел на крајот од шестиот и почетокот на седмиот век.

Роден е на островот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но, по Божја Промисла се упокоија и децата и жена му. Прочуен заради милосрдието и благочестивоста, Јован беше избран за патријарх Александриски во времето на царот Ираклиј. Десет години управуваше со александриската Црква како вистински пастир, чувајќи ја од незнабошците и од еретиците.

Беше пример на кротост, милосрдие и човекољубие. „Ако сакаш благородство“, велеше, „не барај го во крвта туку во добродетелта, зашто тоа е вистинското благородство“. Сите свети се одликуваа со милосрдие, но свети Јован ѝ беше предаден на оваа света добродетел. Еднаш, служејќи Литургија се сети патријархот на Христовите зборови: „Ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот“ (Матеј 5, 23, 24) и се сети дека еден од клириците е зловолен кон него; тој брзо ги остави Светите Дарови, му пријде на тој клирик, му падна пред нозете и го замоли за прошка. И, дури кога се измири со човекот се врати пред жртвеникот.

Еднаш, пак, одејќи кон црквата на светите Кир и Јован, се случи да го сретне една бедна вдовица и почна да му говори за својата беда. Придружниците на патријархот почувствуваа здодевност од долготрајната поплака на жената, па му рекоа на владиката да побрза в црква на служба, а жената би можел да ја слуша и после службата. Свети Јован им одговори: „А како ќе ме послуша мене Бог ако јас не ја послушам нејзе?“ И не сакаше да мрдне од местото дури не ја ислуша нејзината поплака докрај. Кога Персијците удрија на Египет, патријархот Јован седна во кораб за да се оддалечи од напаста. По пат се разболе и кога стигна на Кипар умре, завршувајќи го животот во својот роден крај, во 620 година.

Неговите чудотворни мошти се пренесени најпрво во Цариград, а потоа во Будимпешта и најпосле во Пресбург.

Се верува дека на овој ден треба особено да бидеме милостиви и да се потсетиме колку е важно да бидеме добри кон другите и да помагаме. Обидете се да започнете круг од добри дела, бидејќи доброто со добро се враќа.

Постои обичај денеска да се помирите со луѓето со кои сте во конфликт и да им простите на оние што ве повредиле. Тоа ќе биде лек за вашата душа. Верувајте дека простувањето и тоа како ќе ви донесе благосостојба и среќа.

Фото: Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Хорор во ковид болница: Чаршавот мистериозно се поместува (ВИДЕО)

Љубителите на паранормални појави се уверени дека се во прашање духови Медиумите во Хондурас објавија видео кое ги заинтригира следбениците на паранормалните феномени, а кое наводно настанало на ковид-одделението во градската болница на Тегусигалпа. На снимката од 33 секунди е прикажан чаршав на еден од празните кревети, парче постелнина која […]