fbpx

Естрадата во шок: Почина финалистот од „Ѕвездите на Гранд“

Уште еден живот прерано згасна

Почина Јасмин Хасиќ, поранешен финалист во „Ѕвездите на Гранд“.

Талентираниот пејач имаше само 36 години. Неодамна му бил откриен тумор на бубрезите поради кој пред три неделе бил опериран во Турција, но по зафатот не успеал да се се избори со опаката болест, информираат српските медиуми.

Тажната вест ја потресе естрадата. Многу познати личности се огласија на социјалните мрежи, а меѓу нив и Лејла Захировиќ.

„Останав без зборови, ништо не може да ги намали болката и тагата.. Разочарување! Ова е огромна загуба, голем човек, пејачиште, прекрасен сопруг и татко.. Засекогаш ќе те сакам, брату мој“, напиша таа.

Пораки со поддршка во овие тешки мигови постојано се редат и на фејсбук-профилот на сопругата на пејачот со која има две деца.

„Тагата и болката се големи, примете мое искрено сочуство, Бог нека ви даде сила“, е една од пораките.

Фото: Инстаграм/Ѕвездите на Гранд/Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Го славиме Свети Јован Златоуст: Никако не правете го ова!

Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа. По смртта на родителите, се замонаши и почна строго да се подвизува. По својата мудрост се истакна уште во Антиохија, па […]