fbpx

Сопругата му зеде сè, почна од „нула“: Потресно сведоштво за Љупчо

Беше намачена душа. Срце планина, личност што знаеше да помогне и во најтешките мигови. Сопругата го напушти, му зеде се’, а тој почна од „нула“ повторно да се издига од пепелта.

Ова е дел од сведоштвото на планинарот Игор Смилев за „Фокус“ кој раскажува за пријателството и соработката со Љупчо Зафиров, возачот на кобниот автобус кој уште со 43 други лица загина во страшната автобуска несреќа во Бугарија.

Смилев вели дека Зафиров долго време соработувал со планинарските друштва при организацијата на планинарски тури и дека нивната фела изгубила еден огромен другар и врвен професионалец.

„Секогаш се трудеше да ни угоди и безбедно не’ носеше на планина и не’ враќаше дома. Честопати знаеше и да ја спушти цената, кога ќе видеше дека пет-шест луѓе го откажале патувањето. Ми велеше: Абе Смилев, ти вака ќе дадеш пари од твој џеб. Дај „илјадарка“ помалку“, раскажува тој за „Фокус“.

Открива дека имале многу заеднички планови и жали што не успеале да ги реализираат.

Следни Објави

Не можев да го спасам синот: Потресно сведоштво на Орхан за трагедијата

Тој е во добра здравствена состојба, но скршен од болка поради смртта на своето чедо Орхан Алити, еден од седумтемина преживеани во трагичната автобуска несреќа во Бугарија, низ солзи за „Слободен печат“ открива нови детали за трагедијата. Вели дека кобниот момент бил буден и дека видел како автобусот удира во […]