fbpx

Анастасија сама си става филери: Мажите ме обожаваат!

Порано ме нарекуваа стаорец, вели таа

Анастасија Покрешук, 31-годишна девојка од Киев, е новата интернет-ѕвезда и голем љубител на филери, до таа мера што самата си ги аплицира во јаболкниците.

Нејзиниот уникатен изглед не го одобруваат сите, но таа е неверојатно популарна на „Инстаграм“.

„Мајка ми мисли дека тоа што го правам е лудо, но не може многу да ми влијае. Не се каам, никогаш не сум зажалила за ниту една корекција и среќна сум со своето лице“, вели Анастасија.

Во нејзиното последно интервју признава дека пред да го промени изгледот била несреќна. Едноставно, мислела дека е грда.

„Мајка ми знае да каже дека претходно бев природно убава, а дека сега сум егзотична. Пријателите, пак, велат дека сега изгледам поубаво. Порано ме нарекуваа стаорец, така сум им изгледала. Сега мажите ме обожаваат и сами ми приоѓаат“, раскажува Покрешук.

Анастасија тврди дека филерите си ги става сама и дека не планира да застане со корекциите.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Сега ќе играш на небесните терени: Потресна посвета за починатиот фудбалер

Тажна вест ова утро го потресе регионот Почина Мирза Ѓурѓевиќ, 21-годишниот фудбалер на ФК Језеро, информираат црногорските медиуми. Младиот играч доживеал сообраќајна несреќа во близина на Колашин. Тешко повреден бил транспортиран во Опшатата болница во Бијело Поље, а потоа на ургентното одделение, но, за жал, им подлегнал на повредите. Соиграчите […]