fbpx

Бог ми го испрати: Љубовната приказна на Ана Бекута и Мркоњиќ ќе ве наежи

Почина поранешниот српски министер Милутин Мркоњиќ на 79-годишна возраст.

„Си замина мојот Милутин. Ве молам разберете ме, во овие тешки мигови нема да се огласувам“, изјави за „Блиц“ неговата долгогодишна партнерка, популарната пејачка Ана Бекута.

Поминаа заедно цела една деценија. Милутин никогаш официјално не се разведе од Даша, позната адвокатка и судија со која беше во брак повеќе од триесет години. Останаа во добри односи, па дури и Даша и Бекута одлично се согласуваа, пишуваат српските медиуми.

„Никогаш не сум била љубоморна, немало потреба за тоа. Ние двајца не калкулираме во љубовта. Се однесуваме онака како што се чувствуваме. Ни одговара тоа што постојано сме заедно. Се негуваме взаемно, колку што е тоа возможно на овие години“, искрено раскажа Бекута во една прилика.

Пејачката во едно интервју откри и како започнала нивната романса.

„Најубавите работи се случуваат кога најмалку се надеваме. Јас едноставно се препуштив и си реков: Бог нека ми го испрати она што мисли дека ми е потребно. Не треба да губиме надеж и вистинскиот човек се појавува тогаш кога сте подготвени за тоа. Јас навистина се изначекав, првата половина од мојот живот ми помина во барање. Кога се запознавме, јас имав 52, а тој речиси 70 години. Но, да се сретневме порано, можеби немаше вака да се препознаеме. На дваесет и на триесет не знаеме баш што е всушност љубовта. Тоа го сфаќаме подоцна, кога со мудрост и со искуство некои вредности ќе се наредат на своето место“, појасни таа.

Мркоњиќ и Бекута најмногу уживаа слободното време да го поминуваат во заедничкиот дом. Во една прилика ги отворија вратите од луксузно наместениот стан, а фотографии од истиот може да погледнете ОВДЕ!

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нема утеха: Прва објава на Бекута по смртта на партнерот

Црно-бела фотографија и стихови од нејзина песна Ана Бекута конечно се огласи по смртта на својот емотивен партнер, поранешниот српски министер Милутин Мркоњиќ, кој почина вчера на 79-годишна возраст. Таа на „Инстаграм“ сподели црно-бела фотографија и стихови од нејзиниот рефрен „Треба времена“. „Svaki dan naše ljubavi dva su dana sećanja“, […]