fbpx

Сега ќе играш на небесните терени: Потресна посвета за починатиот фудбалер

Тажна вест ова утро го потресе регионот

Почина Мирза Ѓурѓевиќ, 21-годишниот фудбалер на ФК Језеро, информираат црногорските медиуми.

Младиот играч доживеал сообраќајна несреќа во близина на Колашин. Тешко повреден бил транспортиран во Опшатата болница во Бијело Поље, а потоа на ургентното одделение, но, за жал, им подлегнал на повредите.

Соиграчите од неговиот матичен клуб од Плав споделија потресна порака на „Инстаграм“.

„Сега ќе играш на небесните терени, а ние никогаш нема да те заборавиме“, стои во објавата.

Ѓурѓевиќ го облече дресот на прволигашот Језеро летово, откако три сезони играше за Петровац. Претходно настапуваше и за Отрант-Олимпик од Улцињ. Во Првата црногорска лига одигра вкупно 63 натпревари.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Зборовите на Горан Стефановски денес болат уште повеќе

Горан Стефановски е еден од најзначајните македонски писатели. Од неговите генијални преку триесет драми произлегоа многу култни реплики и цитати. Неговите зборови ја отсликуваат суштината на македонскиот менталитет, на нашиот дух. По тешко боледување, Стефановски почина пред три години, а неговата смрт предизвика бројни изрази на почит за неговата брилијантност […]