fbpx

Дај не глумете потресени! На децата во уста им пикате секакви паштети, виршли и пудинзи

Да, Петар сите убаво не насмеа, нешто што ни недостасуваше во овие тешки денови на пандемии и енергетски кризи и се останато, но, како и со секој оштествен феномен, така и сега, од своите оклопи и корупки излегоа оние дежурни плукачи кои се над секоја ситуација, и се најдоа повикани и квалификувани да упатуваат навреди кон Петар и неговите родители и да го критикуваат неговото воспитување и однесување, па чувствувам потреба да им објаснам некои работи, па затоа ќе им се обратам директно:

Прво, се гледа дека Петар е препаметно дете, кое знае убаво да се изрази и да искаже што му се допаѓа, што не му се допаѓа и зошто. За жал, мнозината деца и возрасни во нашето општество не се способни да се изразуваат така добро.

Второ, не смеете да заборавите дека Петар и сите деца на овој свет се засебни личности, со гледишта, сфаќања и чувства за светото и околината во кои живеат, и оттука е СОСЕМ ВО РЕД некои работи да им се допаѓаат и некои не, и УШТЕ ПОВЕЌЕ Е ВО РЕД да искажат свое мислење за тоа. НЕ Е ВО РЕД едно дете да го третирате како некакво ваше милениче над кое имате апсолутна контрола и доминација за тоа кога ќе јаде, кога ќе спие, кога ќе обавува други задачи, или пак што смее а што не смее да му се допаѓа или да не му се допаѓа. Без разлика дали детето има 3, 4, 6, 8, 10 или 13 години, тоа мора да се третира како личност која има свои ставови, мислења и чувства, кои не секогаш ќе бидат исти како оние на родителите или другите луѓе. Оттука, етикетирањето на Петар како размазено дете или не знам уште како не го нарековте нема ама баш никаква смисла, и саму буди загриженост за тоа како вие се однесувате со вашите деца.

Трето, ако Петар рекол дека не му се допаѓа грашокот, тоа не значи дека тој можеби е сосем исфрлен од неговата секојдневна исхрана. Имаше коментари од „мамички“ кои ги критикуваа родителите на Петар дека не се грижеле за неговото здравје и го оставале да јаде што сака. Ова покажува прво колку сте неписмени и не знаете убаво да анализирате и сфаќате (проширени реченици); ако петар се лути зашто имало грашок, тоа не значи дека тој не го јаде воопшто. И дај не глумете потресени, бидејќи на децата во устите им пикате секакви паштети, виршли и пудинзи на кои не се мачите ни рокот на траење да им го прочитате, а камо ли пак составот.

Четврто и најважно, со својата појава и обраќање, Петар всушност убаво ве стресе и ве потсети дека и вие сте можеле да бидете многу повеќе од тоа што сте сега ако на негови години или пак ан оваа ваша возраст се охрабривте да бидете свои, независни, со свои гледишта, сфаќања и чувства на работите. Просто, видовте едно дете, една личност која не е дел од општо-прифатениот начин на воспитување со традиционалното „ако не јадеш, во врат ќе ти го истурам јадењето“, и тоа сериозно ве вознемири, не затоа што неговиот начин го гледате како ненормален, туку затоа што вие сте ја немале, или пак се уште ја немата храброста да бидете Петар, и да бидете искрени, прво спрема себе, а пото спрема другите, за работите кои ви се допаѓаат или не ви се допаѓаат. Петар е сето она кое што никогаш не сте биле, и се уште немате храброст да бидете, па се обидувате да го замолчите неговиот подвиг со серија неосновани навреди и критики.

Исхраната е само почеток. Во поодминати години, родителите (се обидуваат да) влијаат и на други одлуки на детето, како во изборот на професија или хоби, изборот на ново место за живеење, изборот на мебелот за во тоа место, избор за автомобил, и кулминацијата се достигнува при замешувањето во изборот на животни партнери и одржување на љубовна врска или брак. Да, вие сте родители и им мислите и посакувате само најдобро на вашите деца, но и вие мора да си имате граница и кочница, пред тоа дете да го задушите во вашите грижа и посветеност. Ваѓиот начин на воспитување е можеби вообичаен и најчесто се наоѓа во општеството, но тоа никако не значи дека е и (нај)добар. Обидетесе да поразговарате со вашето дете, и искрено да го прашате дали е среќно, верувајте ми, одговорот ќе ве зачуди.

Престанете да им ги наметнувате вашите избори и чувства на децата, туку обидете се да ги научите самите да ги градат истите. Ако вам ви е страв од поминување улица, не значи дека детето треба да го ограничите во една област. Ако вам ви е студено, не значи дека детето мора да носи три џемпери на себе. Ако вам ви е убава храната која сте ја зготвиле или купиле денес, не значи дека и вашето дете мора да го јаде баш истото. Клучот за создавање здрави навики кај децата лежи во соодветна комуникација и соодветен меѓусебен третман, а не однос во кој детето ви е потчинето и мора да прави се што вам ќе ви падне на ум. И дај престанете да се жалите како новиве генерации не ги бидува за ништо, затоа што нивното однесување и помиање за животот е само рефлексија за тоа како ние сме ги воспитале или ги воспитуваме.

Почит за Петар, и почит за неговите рдители, затоа што воспитале и израснале прекрасно паметно дете кое знае убаво да се изразува и отворено да разговара за луѓето, предметите и појавите околу него, и што не направлие од него нем конформист, нешто што за жал денес е пречеста појава, и кај деца и кај возразни личности.

Фејсбук-статус на Љупчо Нечовски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Ме остави да се борам сам: Атанасов се огласи за починатиот другар

Уште еден живот прерано згасна Со солзи во очите и раце вперени кон небото, Јани Атанасов ги прослави двата гола за сплитски Хајдук. Одигрувајќи еден од своите најдобри натпревари во кариерата, младиот македонски фудбалер на овој начин се прости од својот другар кој неодамна почина. Атанасов со трогателна посвета се […]