fbpx

Ме остави да се борам сам: Атанасов се огласи за починатиот другар

Уште еден живот прерано згасна

Со солзи во очите и раце вперени кон небото, Јани Атанасов ги прослави двата гола за сплитски Хајдук.

Одигрувајќи еден од своите најдобри натпревари во кариерата, младиот македонски фудбалер на овој начин се прости од својот другар кој неодамна почина.

Атанасов со трогателна посвета се огласи и на социјалните мрежи.

„Откако знам за себе знам и за тебе. Ти беше другар каков што секој би посакал да има до него.. Делевме тага, среќа, безброј убави спомени.. Ме остави да се борам сам, но знам дека ќе продолжиш да ме гледаш и да се радуваш на моите успеси.. Вечно ќе останеш во нашите срца! Почивај во мир БРАТ МОЈ“, напиша тој вчера на „Инстаграм“.

Денеска повторно се огласи.

„По натпреварот тргнав да ти се јавам, но заборавив дека повеќе те нема.. Биди горд на својот пријател и секогаш биди со мене. Овие два гола се замо за тебе, брату мој“, напиша Атанасов.

Хрватскиот портал „24 сата“ објави дека неговиот пријател бил хоспитализиран тешко повреден во сообраќајна несреќа. Некое време бил во кома пред да почине.

Фото: Инстаграм/24 сата

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Беше прекрасна: Колегите од „Лидл“ сведочат за убиената жена

Убиството во „Лидл“ вчера ги шокираше граѓаните на Сплит. Жељко Ѓекиќ околу 15 часот со нож ја избоде својата поранешна партнерка, 44-годишната В.П., инаку вработена во овој познат ланец на маркети. Поради трагедијата, продавницата денеска не работи, а утрово пред објектот беа затекнати лампиони во облик на срце и една […]