fbpx

Беше прекрасна: Колегите од „Лидл“ сведочат за убиената жена

Убиството во „Лидл“ вчера ги шокираше граѓаните на Сплит.

Жељко Ѓекиќ околу 15 часот со нож ја избоде својата поранешна партнерка, 44-годишната В.П., инаку вработена во овој познат ланец на маркети.

Поради трагедијата, продавницата денеска не работи, а утрово пред објектот беа затекнати лампиони во облик на срце и една роза.

Со свеќи во рацете, вработените во „Лидл“ сведочат за нивната колешка.

„Ја познавав добро. Беше добра, прекрасна жена“, вели еден од вработените.

За убиството се огласи и сплитскиот градоначалник.

„Згрозени сме од настанот. Често сме сведоци како насилството врз жените се оправдува, релативизира и интерпретира на различни начини кои дополнително ја виктимизираат жртвата. А потоа, кога ќе се случи едно вакво свирепо убиство занемуваме и се прашуваме како е ова можно во нашата земја, во нашиот град во 21 век“, вели Ивица Пуљак.

Фото: Далматински портал

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нема никогаш да бидеш минато: Неверување по смртта на Славиша Кајевски

ЖАЛНА ВЕСТ СЛАВИША КАЈЕВСКИ (1982 – 2021) Со огромно жалење и неверување известуваме дека нашиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 г, во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска […]