fbpx

Беа одлична двојка: Елена Ристеска неутешна по смртта на Славиша

Под режисерската палка на Даниел Јовевски, Елена Ристеска пред речиси една деценија го сними видеозаписот за нејзниот хит „Опасно време“, а главната улога му ја довери на Славиша Кајевски.

Кога се појави спотот, коментарите на публиката беа дека се одлична двојка.

Токму со инсерти од видеото, популарната пејачка денеска се прости од актерот кој прерано си замина од овој свет.

„Господе зошто овој човек?! Зошто уште еден предобар човек, млад живот и преталентиран актер?! Во шок и неверување сум!!! Во солзи.. Не постојат зборови да ја опишат тагата“, напиша Ристеска на „Инстаграм“.

Тажна вест за смртта на Славиша утрово ги вознемири македонските граѓани. Колегите од МНТ напишаа дека трагично го загубил својот живот, не откривајќи ги причините за смртта.

Неговите колеги не можат да ја прифатат оваа загуба и со трогателни пораки се простуваат.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Убавица на насловна: Која е партнерката на Ана Брнабиќ?

Во креација на докажаната дизајнерка Роксанда Илинчиќ, партнерката на српската премиерка Ана Брнабиќ се најде на насловната страница на арапското издание на модниот магазин L’Officiel. Милица Ѓурѓиќ која со својата појава неодамна во Белград го воодушеви и холивудскиот актер Џони Деп, важи за една од најубаво облечените жени во регионот, […]