fbpx

Те сакам убавецу: Трогателни зборови за починатиот македонски актер

Тажна вест утрово ги вознемири македонските граѓани, откако од Македонскиот народен театар соопштија дека на 39-годишна возраст починал нашиот познат актер Славиша Кајевски.

Колегите од МНТ напишаа дека трагично го загубил својот живот, не откривајќи ги причините за смртта.

Неговите колеги не можат да ја прифатат оваа загуба и со трогателни пораки се простуваат од Славиша.

„Каков удар сине, монструозен и подмолен шок.. За мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка, те сакам убавецу.. Одмори се и поздрави ги другарите“, напиша актерката Весна Петрушевска.

На „Фејсбук“ се огласи и Јелена Јованова.

„Ама зошто бе Славиша, зошто? Нека ти е светол патот“, напиша таа.

За министерката за култура, Ирена Стефоска, Славиша ќе остане запаметен по високата професионалност.

„Прекината е богата кариера. Остануваат впечатливи ликови кои секогаш ќе сјаат и ќе зборуваат за една голема актерска ѕвезда. Со длабока тага, изразувам сочувство до семејството, колегите, пријателите. Нека ти е светол патот, Славиша“, порача Стефоска.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Потресни сцени: Ана Бекута со сопругата на нејзиниот партнер

Поранешниот српски министер Милутин Мркоњиќ (79) почина на 27 ноември на Клиниката за кардиоваскуларни болести на Дедиње, а денеска се одржа комеморација во негова чест во Народното собрание. Ана Бекута на настанот пристигна во придружба на синот Игор и внуците Соња и Бранко. Популарната пејачка скршена од болка не успеа […]